fbpx

Агенди за чествување на 2 август – Ден на републиката

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Почитувани,
Делегации на СДСМ утре ќе положат цвеќе и ќе оддадаат почит на загинатите борци во чест на големиот државен празник, 2 август – Ден на Републиката.
Во 09.00 часот пред споменикот Илинден, познат како Македониум, во Крушево, изјава за медиумите ќе даде претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Претседателот Заев ќе биде во Крушево уште рано утрото и ќе положи цвеќе пред спомениците на Питу Гули и на Тоше Проески, а по изјавата ќе се вклучи во државното одбележување на празникот од 09.30 часот кога ќе биде положено цвеќе на гробот на загинатиот херој Никола Карев и оддадена почит пред споменикот на Хероите на Слива и пред споменикот на Мечкин Камен.

Во партиската делегација со претседателот Заев ќе бидат и потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски, како и Трајче Калески, претседател на ОО на СДСМ Крушево.

Во 13.00 часот претседателот Заев ќе го посети манастирот Свети Илија, село Бирино.

Во Пелинце, пред Меморијалниот центар АСНОМ, во 11.00 часот, во рамки на државното одбележување на празникот, почит ќе оддаде партиска делегација на СДСМ што ќе ја предводи генералниот секретар Оливер Спасовски, а во којашто ќе бидат и членовите на Извршниот одбор на СДСМ Максим Димитриевски и Љупчо Николовски.

Во Скопје, партиска делегација на СДСМ предводена од организацискиот секретар Миле Зечевиќ, во состав Петре Шилегов, пратеник, Игор Трајчевски, член на СДММ и Маринела Тушева ќе учествува во оддавањето почит на државно ниво на повеќе споменици на херои во главниот град, почнувајки од 9.50 часот пред споменикот на АСНОМ, парк Жена борец, а потоа и пред спомениците на Никола Карев, Методија Андонов – Ченто.

 

Скопје, 01.08.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести