Костова: Со стиснати тупаници против апашлукот на ДПМНЕ, се бориме за нашиот дом

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Костова: Со стиснати тупаници против апашлукот на ДПМНЕ, се бориме за нашиот дом

„Ние го разгоруваме нашиот борбен, антидпмневски, антидеструктивен, антифашистички жар и со стиснати тупаници, ја продолжуваме борбата. Драги соборци, борбата против неправдата, против апашлукот и против расизмот е наша обврска,“ порача потпретседателката на СДСМ Кристина Костова, вечерва на митингот на СДСМ во Штип.

Таа нагласи дека СДСМ секогаш била и останува партија што не се повлекува пред предизвиците.

„Имам впечаток дека во нашиот општествено-политички живот сме поминале многу време во борба отколку во мирнодопски услови. Се боревме против режимот на Груевски, против суровоста на Мијалков, се боревме за вистината за Македонија. Се соочивме и со пандемија, а подоцна и со светска економска и енергетска криза. И колку и да беа погодени условите, ние никогаш не ги спуштивме ракавиците, никогаш не се повлековме пред предизвиците и никогаш не се откажавме.“ – порача таа.

Костова остро го критикуваше однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и нивните претставници.

„Кукавичлукот и малодушноста не се наши особини, ние не бегаме од проблемите. Одлучно и храбро се фаќаме во костец и ги решаваме. Нашите опоненти оние од ДПМНЕ, се спротивност од нас. Тие бегаат дури и од најмалите предизвици. Си кукаат за сопствената неспособност и во традиционален дпмневски манир, повторно избегаа од дебати. Прво Орце, а денеска Иван Јорданов во Штип. Славните вмровски ‘лавчиња’ како глувчиња се разбегуваат од соочување со вистината. Јорданов денеска се исплаши да се соочи со Павел на дебата се исплаши затоа што не сака да ја слушне вистината за своето неработење и за своите неуспеси.“ – рече Костова.