Соопштение за јавност
Филипче: Граѓаните избираат меѓу две опции, СДСМ која работи за граѓаните или партизацијата на ВМРО-ДПМНЕ
На новинарско прашање за тоа како ја оценува кампањата и обвинувањата дека СДСМ е „во ист кош“ со други партии, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека изборот за граѓаните е јасен.
„Вчера јасно кажав кои се двете опции пред граѓаните. Нашата – прогресивна, проевропска и искрена опција, со работа во корист на граѓаните. И нивната – на ВМРО-ДПМНЕ, опција за партизација на институциите и поставување партиски кадри. Опција која на младите им праќа порака дека е доволно да имаат членска книшка на ВМРО-ДПМНЕ, па и со лажни дипломи да бидат поставени на позиции. Тоа се двете опции и граѓаните тоа мора да го знаат,“ изјави Филипче.