Филипче: ВМРО-ДПМНЕ си гласа закони со ДУИ, а во Скопје има коалиција со Левица, смешни им се спиновите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ си гласа закони со ДУИ, а во Скопје има коалиција со Левица, смешни им се спиновите

Во одговор на новинароско прашање, Венко Филипче рече ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за тајни коалиции на СДСМ, бидејќи токму тие во изминатиот период соработувале со ДУИ и Левица кога им било потребно.

„Ако некој соработуваше во Собранието со ДУИ за двотретинско мнозинство, тоа беше ВМРО-ДПМНЕ. И тоа не го велиме ние, туку функционери на ДУИ кои јавно потврдија дека имало иницијативи за средби и соработка пред изборите. Истото важи и за градот, токму советниците на ВМРО-ДПМНЕ коалицираа со Левица за да го блокираат Скопје,“ порача Филипче.

„Ние јасно и доследно кажуваме, СДСМ нема никаква коалиција ниту со ДУИ, ниту со Левица. Тоа се лаги кои веќе не поминуваат кај граѓаните,“ додаде тој.