fbpx

Повик за членови на ад-хок телото за медиуми и главен уредник на МТВ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Почитувани професионалци – поединци, новинарски здруженија, граѓански организации, сите вие кои искрено си ја сакате новинарскатa професија, кои работите обjективно, професионално и непристрасно, Ве повикуваме сами да се пријавите или да доставите предлози за членови во ад хок телото коешто ќе врши проценка на почитувањето на изборните правила од страна на медиумите.

Ве повикуваме сами да се пријавите или да доставите предлози за главен и одговорен уредник на информативната редакција на Македонската Телевизија.

МРТВ е национален сервис на граѓаните на Република Македонија.

Граѓаните имаат право да ја знаат вистината.

На Македонија и се неопходни регуларни избори.

Нема регуларни избори без професионално и објективно известување на медиумите.

Професионалци, потребни сте и на Македонија.

Пријавете се на следната e-mail адреса: kandidati@sdsm.org.mk

Повикот трае до 03.08.2016 година.

 

 

Последни вести