Соопштение за јавност
Филипче: Се што сака ВМРО-ДПМНЕ е контрола на судството, а не реформи
„Година и пол ВМРО-ДПМНЕ се на власт. За неколку месеци ќе поминат изборите, а оваа гужва ќе влезе веќе во втората половина од мандатот на оваа влада и тие не сработеа ништо. Ништо не направија од реформите коишто се наведени во заедничкиот документ со Европската Унија , документ што се вика Реформска агенда. А тоа е она што граѓаните го очекуваат: вистински реформирано, независно судство, надвор од политички влијанија, за конечно да се врати довербата во еден од клучните сегменти на државата , правосудството.“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Филипче потенцираше дека префрлањето на одговорноста од страна на премиерот е неприфатливо.
„Одговорноста за неспроведување на реформите е ексклузивно негова лична, и на неговиот тим. Според планот, годинава требаше да се донесат 12 закони. Не е донесен ниту еден. Не е ниту поднесен во Собранието.“, потенцираше Филипче.
Според претседателот на СДСМ, главната цел на владејачката структура не е реформа, туку контрола.
„Сѐ што сакаат е да го контролираат судството. Да назначуваат свои роднини, пријатели, сопружници на градоначалници, на нивни коалициски партнери, роднини. Се тоа тоа само за да имаат свои луѓе и да можат да влијаат на судски процеси. Ништо повеќе не сакаат од тоа. За жал, повторно гледаме партизирана држава, како во нивниот претходен мандат до 2017 година“, порача Филипче.