Соопштение за јавност
Никола Груевски прво што треба да им одговори на граѓаните на општина Илинден е каде е бомбастично најавуваната Пречистителна станица, на којашто од 2.500 куќи во селото, приклучени се само 90.
Централното подрачје во општина Илинден се уште нема канализација, а септичките јами се вистинска темпирана “бомба“ за можни зарази!
Зошто на Груевски му е поважен раскош и луксуз за Скопје 2014 тежок над 27 милиони евра само за оваа година, а во населба Илинден во 21-от век се уште нема амбуланта?!
Зошто за Груевски е поважно 27 милиони евра да се употребат за камен, за фасади, наместо да се реновираат руинираните училишта во општината и да изградат нови, за децата да не учат во две смени?!
Покривот во основното училиште во Илинден е со азбест!
Поради сите овие состојби луѓето кои живеат во Илинден се жалат на масовни иселувања од општината.
Никола Груевски кој се што фати уништи, а ништо не направи за граѓаните, нема право повеќе ништо да им ветува.
Новата демократска Влада, предводена од СДСМ, којашто ќе се формира веднаш по следните парламентарни избори целосно ќе се посвети на потребите на граѓаните во Македонија.
Скопје, 28.07.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА