Соопштение за јавност
СДСМ бара министерот за правда Валдет Џафери јавно да го покаже правното мислење за еврообврзницата што го потпиша задоцнето за да му помогне на министерот за финансии Кирил Миноски.
Џафери со потписот на правното мислење на незаконската еврообврзница и официјално им се придружува на Миноски и на заменик министерката за правда Бришковска во финансиското злосторство врз граѓаните тешко 450 милиони евра плус камати.
Лично Џафери во изјава за медиумите се оправдуваше дека нема издадено официјално правно мислење за еврообврзницата!
Што го натера Џафери експресно да го промени ставот и да го потпише правното мислење?
Граѓаните имаат право да го видат документот којшто отвори пат за незаконско задолжување од 450 милиони евра плус камати.
Прекршен е Законот за јавен долг, член 18, став 6 затоа што вакво правно мислење требало да има пред самото издавање на еврообврзницата што потврдува дека и Џафери направи кривично дело со задоцнетото издавање на правното мислење.
Еврообврзницата е незаконска и поради тоа што ставката во Буџетот за странски задолжувања сеуште изнесува 370 милиони евра!
Граѓаните порано или подоцна ќе добијат одговор што му ветил Груевски на Ахмети за возврат на жртвата на Џафери.
Сите инволвирани во финансиското злосторство врз граѓаните ќе одговараат.
СДСМ по промената на власта на сите можни легални начини ќе го оспори ова задолжување како законски јавен долг.
Скопје, 28.07.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА