Соопштение за јавност
Никола Груевски не им одговори на жителите на Радожда на клучното прашање:
Каде е колекторскиот систем што им го вети од пред 10 години?
Поради тоа што Радожда се уште нема колекторски систем, фекалиите од селото и околината одат директно во Охридското езеро и ја загадуваат водата.
Наместо да се бламира Груевски со фалби за асфалтирани улички од по 20, 30 метри што е редовна обврска на властите, а па не и негова, веднаш да каже каде е колекторскиот систем?!
Кога е веќе во семејна посета на охриско – струшкиот крај, како што можеше да се види од провладините медиуми, Груевски би било добро да види и во какви училишта учат и во какви болници се лечат децата на граѓаните на Струга.
Никола Груевски нема право повеќе ништо да ветува. Неговото заврши.
Доаѓа одговорна Влада која ќе се грижи за потребите на граѓаните и државата.
25.07.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА