Соопштение за јавност
На Скопје итно му треба проширување на булeварот Никола Карев (ул. Пластичарска), проширување на улицата Цветан Димов, продолжување на булеварот Илинден, изградба на подземна сообраќајница од Владата до зградата на НБРМ, пешачки мост помеѓу Кисела Вода и Аеродром и многу други капитални сообраќајни проекти.
Тоа се проектите на коишто требаше да се посвети Коце Трајановски. Тоа се проектите коишто до сега ќе беа реализирани доколку Никола Груевски и Коце Трајановски не потрошеа над 630 милиони евра на раскош и луксуз за Скопје 2014.
Сега е предоцна за Коце Трајановски.
Тој ниту може, ниту има желба да ги брани интересите на скопјани од “лудилото“ на Скопје 2014. За во Скопје да има шанса се реализираат најважните сообраќајни проекти, од клучно значење е Коце Трајановски веднаш да поднесе оставка.
25.07.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА