Соопштение за јавност
Никола Груевски не може веќе ни самиот да се излаже.
Не само граѓаните на Македонија, туку цел свет виде кој бега од регуларни избори, кој не сакаше чист Избирачки список, кој не сакаше објективно известување, кој се обиде да крати ингерениции на министерот за внатрешни работи надевајки се дека ќе го врати МВРО на изборите преку што власта на ВМРО-ДПМНЕ крадела избори.
Сега има прецизни рокови за условите за фер избори и добро е Груевски да се навикне.
Никола Груевски и неговите соработници не можат повеќе да бегаат од регуларни избори. Ќе биде највидливо досега.
Ќе има регуларни избори во декември на коишто граѓаните помеѓу Груевски и Македонија ќе ја изберат Македонија.
23.07.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА