fbpx

Социјалната помош не помага, живееме од контејнери!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Видео од изјавата на еден од граѓаните со кои се сретна денеска претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Мила Царовска, при посетата на социјално загрозени семејства кои живеат во импровизирани живеалишта под Кале.

Во изјавата, таткото на неколку деца зборува за ужасните услови во коишто се принидени да живеат неговото семејство, но и повеќе други, под картони и кеси, на половина километар од центарот на главниот град.

Тој вели дека само едно од неговите деца оди на училиште, бидејки другите нема услови да ги пушти. Дел од луѓето таму воопшто и не примаат социјална помош, но и тие кои примаат не можат да живеат од неа. Егсистенцијата ја обезбедуваат по контејнери и продавајки шишиња и хартии. Струја обезбедуваат преку најблиските бандери, за вода одат со бокали по 3 километри пешки, која стои потоа на отворено на пеколните летни температури.

-Државата може да помогне, да обезбеди сместување на луѓето и да се зголеми социјалната помош. Бараме да се зголеми. Она зголемување не помага, вели во изјавата овој граѓанин.

 

 

 

Последни вести