fbpx

(Видео) Ѓубре, патики, шипки во каналите до нивите – и теренска потврда на криминалите!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Видео од посетата на претседателката на Комисијата за земјоделство на СДСМ, Татјана Прентовиќ и членот на Извршниот Одбор на СДСМ, Љупчо Николовски на крушевскиот регион. Снимките направени во с.Бучин покажуваат дека каналите за наводнување и одводнување на земјоделските површини не се исчистени. Земјоделци се жалат дека власта лаже дека ги чистат каналите а дека ова е проблем што им ја отежнува земјоделската работа и им причинува штети.

-Еден од клучните криминали во земјоделието се случува кај чистењето на каналите. Секоја година 5 милиони евра преку Платежната агенција се издвојуваат за чистење на каналите. Ние зборувавме дека тука се случува криминал. Државниот ревизор сега и во Извештајот што го објавивме во неделата констатира дека четирите фирми што го имаат добиено тендерот во 2014 година, ги имаат незаконски добиено сретствата, односно тие се исплатени спротивно на закон, затоа што не постојат записници од официјални контроли дека каналите се исчистени, соопшти Николовски.

Тој им вети на земјоделците дека за сите злоупотреби од страна на власта ќе има одговорност.

 

 

 

Последни вести