fbpx

Нема спас за Груевски од регуларни избори по кои се ќе се дознае па и Диво Насеље

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ниту телевизија Сител, ниту сите медиумите под контрола на купче повеќе не можат да им помогнат во нарачаните манипулациии со коишто неуспешно се обидуваат да го покријат фактот дека шверцерски ги намалија ингеренциите за министерот за внатрешни работи, за да спречат договор и фер и регуларни избори.

Во Македонија ќе има само фер и регуларни избори на коишто оваа криминално – корупциска власт на Никола Груевски ќе биде испратена во историјата.

На таквите регуларни избори ќе биде избрана одговорна Влада предводена од СДСМ којашто ќе работи во интерес на граѓаните, а сите кои работеле противзаконски ќе одговараат.

Тогаш ќе стане јасно и чие дело е на пример ужасниот инцидент во Диво Насеље што се случи на 9 мај лани и зошто Владата на Груевски не ја спречила терористичко–криминалната група, бидејќи јавноста слушна дека нејзини високи функционери имале и информации, а по сé изгледа и контакти со неа.

 

Скопје, 19.07.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести