fbpx

Чавков е фатен

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Министерот Чавков се крие зад МВР. Тоа покажува дека Чавков е фатен во обидот да го крие Горан Грујевски. Затоа министерот се преправа дека не го разбрал пресот.

Овој документ од УЈП, што го доставуваме уште еднаш во прилог, ги побива обидите на Чавков да се оправда.

Од документот може да се види дека Грујевски прима ефективна плата и дека во ВО ГРАФАТА БОЛЕДУВАЊЕ СТОИ 0!

Чавков сака да каже дека УЈП измислува?

Или пак тој лаже?

Митко Чавков лично тврдеше дека началникот на петтата управа, Горан Грујевски бил на боледување, поради што тој не можел да покрене соодветни правни постапки против Грујевски, осомничен за уништување опрема за нелегално прислушување.

Чавков лично мора да излезе и да каже дали Грујевски е на боледување или не?

Го потсетуваме министрерот за внатрешни работи Чавков дека за злоупотреби на службената должност се одговара.

 

16.07.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

Последни вести