fbpx

Неопходни се демократски промени за сигурна иднина на младите во Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Последните објавени анкети покажуваат дека огромни 83,7 отсто од младите во Македонија сакаат да се иселат од земјата.

Невработеноста и економската нестабилност се главните наведени причини.

Дури 63,4 отсто од вкупниот број испитани млади луѓе не се задоволни од вработувањето, здравството, образованието, инфраструктурата, животната средина…

Младинската невработеност во земјава е над 50%, студетскиот стандард е многу низок а студетните преживуваат во ужасно лоши студентски домови.

Поради промашените економски политики на ВМРО-ДПМНЕ, криминалот и корупцијата на Никола Груевски во изминатите 10 години, над 626 илјади граѓани ја напуштиле Македонија, пред се млади, образовани луѓе.

Затоа на Македонија и се неопходни промени на фер избори.

СДСМ во Програмата има многу мерки и проекти за подобрување на животот на младите во Македонија.

По демократските промени, новата одговорна Влада предводена од СДСМ ќе овозможи современо и квалитетно образование на младите и ќе создаде можности за отворање нови работни места за младите со достоинствени плати.

Наместо младите да се иселуваат, ќе останат во родната земја, тука ќе ја градат нивната иднина и иднината на Македонија.

Скопје, 15.07.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести