fbpx

Спречено е засега “лудилото“ на “лудаците“, што би рекол кумот Ставрески

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

10 години власта на Никола Груевски “лудачки“ според речникот на екс министерот за финансии, Зоран Ставрески, врши финансиски терор и финансиски злостор врз граѓаните и Република Македонија.

Спречено е засега “лудилото“ на “лудаците“, што би рекол кумот Ставрески, кој самиот призна дека трошеле за чоколадо додека немало за леб.

Груевски и соработниците, Пешевски, новиот министер за финансии Миноски ги лажат граѓаните.

Пари во Буџетот за плати и пензии има!

Задолжувањето од 650 милиони евра преку еврообврзница им е потребно за тендери за фамилијата преку непродуктивни трошења, корупција и криминал.

Нема да дозволиме власта на Никола Груевски во заминување, да и приреди на Македонија економски крах и да злоупотреби пари од нови задолжувања за изборна корупција, на грбот на сегашните и идните генерации.

 

15.07.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести