fbpx

Средба на Спасовски со претставници на граѓанските организациии за потребните реформи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска се сретна со претставници на граѓанските организации кои имаат подготвено документ со предлози за итни демократски реформи во Македонија.

Игор Мицевски од Институтот за комуникациски студии, Весна Гарванлиева од Центарот за економски анализи и Златко Димитриоски од граѓанската организација Мост на состанокот ги презентираа начелата на коишто е поставен документот насловен Предлог за итни демократски реформи.

Постои заедничка согласност за потребата од решавање на крупните проблеми во државата, како што се не функционирањето на судството, состојбите во медиумите, јавните финансии, јавната администрација, образованието, изборниот систем и слично.

Исто така, постои согласност дека оваа Влада којашто ги создаде проблемите, не може да ги реши.

-Потребни се коренити реформи во државата. Мора да се исполнат клучните услови за спроведување регуларни избори. Реформите што ќе обезбедат квалитетен живот за граѓаните и демократска и сигурна иднина на Македонија, може да ги спроведе само легитимна Влада избрана од граѓаните на слободни, фер и демократски избори, рече генералниот секретар Спасовски.

Генералниот секретар Оливер Спасовски го повтори ставот на СДСМ за отвореност кон иницијативите, предлозите, експертизите на граѓанските и невладините организации коишто се добредојдени во напорите за успешна разврска на политичката криза во земјава и за обнова на разрушениот државен систем во Република Македонија.

08.07.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести