Соопштение за јавност
Генералниот секретар на СДСМ денеска е помеѓу граѓаните од населените места во реканскиот крај.
Во Жировница Спасовски разговараше со граѓаните за проблемите што ги мачат и потребите на жителите од овој печалбарски крај.
Во секој дел од земјава иста слика, тешка живеачка, бројни проблеми но и надеж дека што поскоро ќе се случат демократски промени за Македонија да тргне напред во подобра и сигурна иднина.
Спасовски рече кризата во којашто Никола Груевски ја втурна Македонија треба што побрзо да заврши и да се избере нова, кредибилна, демократска и одговорна власт којашто ќе се зафати со решавање на наталожените проблеми во интерес на сите граѓани.
-Час поскоро треба да заврши оваа криза што ја предизвика Никола Груевски. Секој изминат ден со оваа криминална власт носи нови штети за граѓаните и за Македонија. Последна потврда за тоа е кратењето на средствата од ИПА фонодовите поради погрешни политики на власта во заминување и неспроведувањето реформи, рече Спасовски.
Спасовски додаде дека власта ги кочи процесите за изнаоѓање решение и исполнување на сите услови за фер избори затоа што знае дека ќе загуби и ќе следува одговороност за целокуониот криминал.
-Се плаши ВМРО-ДПМНЕ од фер избори, се плаши од чистењето на списокот, затоа одолговлекува и блокира. Но, нема бегање, фер избори ќе има. Клучните услови за фер избори мора да се исполнат. Причистување на избирачкиот список, реформи во медиуми и Влада којашто ќе спроведе слободни, фер и деморатски избори во Македонија, рече Спасовски.
Вечерва, генералниот секретар на СДСМ е помеѓу граѓаните на Јанче и заедно со нив ќе присуствува на Ифтар вечера, приредена по повод светиот муслимански месец Рамазан.
Скопје, 02.07.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА