fbpx

Средба на претседателот Заев со амбасадорот на Шведска, Матс Стафансон

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Шведска во Македонија, Матс Стафансон.

Централни теми на разговор беа актуелната политичка ситуација и начините за надминување на длабоката политичка криза.

– Кризата во земјава треба час поскоро да заврши. Неопходно е обезбедување на владеење на правото и реализирање на регуларни, фер и кредибилни избори преку исполнување на сите услови. Потребна е Влада којашто успешно ќе спроведе фер избори во којашто граѓаните ќе имаат доверба дека ќе ја обезбеди нивната слободна волјата во целост и ќе го гарантира нивното право за слободен глас, рече претседателот Заев.

Претседателот Заев додаде дека за излез од кризата клучно е прочистувањето на избирачкиот список и реформите во медиумската сфера, преку исполнување на обврските што произлегуваат од Договорот од Пржино.

– СДСМ е отворена за дијалог, флексибилно предлага решенија, има иницијатива како да се исполнат сите услови час поскоро, рече Заев.

Владеењето на правото и обезбедување правда и правичност за сите граѓани подеднакво е императив за Македонија.

Оттука, Уставниот суд мора веднаш да се произнесе за уставноста на СЈО. Само на тој начин ќе се отсранат заканите за правниот поредок во Македонија, додаде Заев.

Заеднички беше заклучено дека фер и кредибилни избори се неопходни за Република Македонија да се врати во нормален колосек.

 

 

 

Последни вести