fbpx

Груевски мислеше само на провизиите, лошата состојба на патиштата е потврдена од ЕУ и Светска банка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Крајно лошата состојба на патиштата во Македонија е потврдена од Европската унија и Светска банка.

Од лидер, Македонија денеска е на последно место во регионот според патна инфраструктура.

Светска Банка ја рангира Македонија на 78 место од 100 земји во светот во однос на патната инфраструктура, позади Азербејџан, Виетнам, Гватемала…

Според оценката на Европската унија, после 10 години власт на Никола Груевски, само 2% од патиштата во Македонија се безбедни и добри, а дури 39% се небезбедни и лоши.

ВМРО-ДПМНЕ за 10 години пушти во употреба само 7 километри автопат!

Тоа се фактите.

Како што е факт дека единствено владата на ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот премиер Никола Груевски е позната по криминално потрошените 630 милиони евра за споменици и провизиите од 5% за џебовите на фамилијата од вкупната цена за автопат.

За тоа Никола Груевски и неговата банда ќе одговара и пред граѓаните и пред законите.

Скопје, 02.07.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести