Соопштение за јавност
Нефункционалниот систем „Мој термин“ којшто придуцира огромни проблеми на штета на граѓаните и лекарите може да биде бренд на смртноста и катастрофата во здравство на Никола Тодоров.
Дури 82 новороденчиња починале во првите шест месеци од оваа година само на Клиниката за гинекологија во Скопје.
Новороденчиња и родилки умираат, дијабетичарите немаат инсулин, болните од рак не ги добиваат најновите генерации лекови, по клиниките нема основни медицински материјали, амбулантите се руина. А криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ со ребалансот на буџетот крати 570 милиони денари за здравството!
Министерот-смрт, како што го нарекуваат Никола Тодоров, требаше одамна да замине од позицијата и да ја понесе одговорноста за катастрофалните последици од нефункционалниот систем на здравството.
Никола Тодоров никогаш не отишол да закаже преглед преку „Мој тернмин“, не чекал по ходниците и не ги видел изморените лица на болните како безнадежно седат пред вратите.
Низ клиничките ходници се создаваат редици од нервозни граѓани и лекари. Медицинскиот персонал, притиснат од лошите услови и обемната административна процедура што им е наметната, не може да прегледува нормално. Пациените не можат да се прегледаат.
Затоа ќе замине оваа криминална власт.
Криминалната власт на Никола Груевски ќе ја казнат родителите кои останаа без бебиња, дијабетичарите без инсулин, болните од малигни заболувања без лекови, болните со ретки болести, луѓето кои пешачат по 20 километри до најблиската амбуланта, граѓаните коишто се оставени без здравствена заштита, лекарите…
Скопје, 02.07.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА