Спасовски се потпиша во книгата на жалост за жртвите од терористичкиот напад во Турција

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска се потпиша во книгата на жалост во просториите на Амбасадата на Република Турција во Македонија, за жртвите во терористичкиот напад што завчера се случи во Истанбул.

Спасовски изрази жалење, сочувство и солидарност со семејствата на загинатите и со граѓаните на пријателска Турција.

Македонија сочувствува со семејствата на загинатите во теротистичките напади во Истанбул, се солидаризира со граѓаните на Турција и нашите сограѓани Турци коишто живеат во Република Македонија.