fbpx

Сите молчат, одговорноста за утрешното задолжување ќе падне на новиот министер

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

И Богов ја заштити кумската ујдурма направена со новото задолжување.

Тој како овластен агент за аукциите на домашниот пазар се крие и молчи за потписот на проспектите за новото задолжување на домашниот пазар коешто ќе се одржи во текот на утрешниот ден.

Четврти ден се молчи за фамозниот потпис којшто пресуди нова рунда задолжување на граѓаните и државата.

Откако Никола Груевски скриен зад Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ја призна информацијата дека е ставен потпис на проспектите за ново задолжување, кумот на новото задолжување упорно се крие, дури и од гувернерот Богов кој има увид во потпишаните проспекти.

Проспектите за новата аукција планирана за утре се објавени во ден кога оставката на Ставрески е веќе депонирана, а новиот министер сеуште не беше избран во Собранието на Р.Македонија.

Новиот министер за финансии да каже дали е подготвен да спроведе контроверзно задолжување за кое јавноста нема увид кој стои со своја одговорност и потпис?

Дали Ставрески го потпишал новото задолжување пред да замине од министерската фотелја верно служејќи и на фамилијата или за тоа го овластил заменикот министер?

Или можеби Никола Груевски којшто го овласти партискиот центар да ги пишува реакциите за потребите на Министерството за финансии отишол директно таму и во отсуство на министер ги потпишал проспектите со коишто ќе се натовари нов долг на грбот на граѓаните?

Пред утрешниот ден граѓаните треба да знаат кој кумува со новото задолжување.

Бидејќи кумовите Ставрески и Груевски кријат, за тоа молчи и Богов како овластен агент за аукциите на домашниот пазар, тогаш одговорот е должен да го даде новиот министер за финансии Кирил Миновски бидејќи тој ќе сноси директна одговорност пред граѓаните ако спроведе вакво нетранспарентно задолжување!

 

Скопје, 20.06.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести