fbpx

Нови факти за незаконската работа на судиите од тефтерчето

Facebook
Twitter
LinkedIn

Со факти и аргументи јавноста денеска се увери, по којзнае кој пат, во незаконскиот начин на функционирање на дел од партиските инсталации на Никола Груевски во судството.

Незаконската работа на познатите судии од тефтерчето е целосно потврдена.

Факт број 1: Судскиот совет има донесено одлука со којашто судијката Александра Поп Стефанија е делегирната во Одделот за прекршоци во судот во Скопје.

Факт број 2: Поп Стефанија, пред два месеци, непосредно пред криминалната аболиција на Иванов, незаконски е назначена во Одделот за организиран криминал, од страна на претседателот на судот Владимир Панчевски.

Факт број 3: Ова назначување на Поп Стефанија за судија во организиран криминал е спротивно на Законот за судовите, одлуката на Судскиот совет и Правилникот за работа на Судот.

Факт број 4: Незаконска е одлуката којашто ја донела Поп Стефанија да се прогласи СЈО за ненадлежно околу случајот за уништување на опремата за прислшување, во којшто осомничени се и Гордана Јанкуловска и Горан Грујевски.

Оттука, поради процесни грешки, меѓутоа и заради неправилности и незаконитости на решението на Поп Стефанија Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 треба итно да го укине ова незаконско решение.

Откако ќе се укине ова незаконско решение предметот за уништување на опремата за незаконско прислушување треба да се додели на судија кој суди во делот за организиран криминал.

Овие незаконски одлуки се очигледен обид да се одбрани криминалната власт од правдата и законите. Ништо друго.

Но, бегање од правдата нема да има.

На тоталитарно и режимско работење на Никола Груевски и криминалниот врв на ВМРО-ДПМНЕ му доаѓа крајот.

Правда ќе има. Секој што го прекршил законот ќе одговара!

Нема спас за Никола Груевски и неговото криминално друштво.

Доаѓа слободна и демократска Македонија.

Скопје, 19.06.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести