fbpx

Медиумските курири не можат да ги сокријат поразите на Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Медиумските курури со лаги го кријат секој нов пораз на Никола Груевски и неговата криминална банда.

Оставката на кумот Зоран Ставрески покажа дека се распаѓа криминално-кумашинскиот бетон на фамилијата.

Еден од клучните играчи на режимот го напушти бродот што тоне. Крајот на режимот е блиску.

Попусто медиумските курири шират невистини, поразите на Никола Груевски и бегањето на ВМРО-ДПМНЕ од слободни, фер, демократски и регуларни избори не можат да се сокријат.

Последната надеж за спас на Никола Груевски, криминалната аблоција од Ѓорге Иванов пропадна. Следува одговороност за криминалот.

Корупцијата и криминалот на власта, реалноста, 10 години се крие од граѓаните со помош на медиумскиот мрак.

Според официјалните документи од Централниот регистер, фирмата што се јавува како сопственик на Курир за период од 4 години остварила приходи во висина од над 1,7 милиони евра.

Токму затоа, медиумските курири вистински платеници коишто засилено шират невистини за да ја прикријат вистината, која е болна за оваа криминална власт.

Но, ништо нема да го спаси Никола Груевски од одговорност. Најмалку лагите на медиумските курири.

Правда ќе има, секој што го прекршил законот ќе одговара.

Скопје, 15.06.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести