fbpx

Само криминалната власт има корист од намерата на ЕЛЕМ да фрла 15 милиони евра за рајска градина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Залудно се напорите на ВМРО-ДПМНЕ преку празни соопштенија да ја одбранат криминалната намера преку барокни фонтани и споменици во Аеродром да обезбедат нови бизнис зделки за фамилијата.

Во Аеродром недостасуваат нови градинки, нови училишта, инфраструктура, се уште не е започната изградбата на затворениот базен, културниот дом, општинската зграда, талентираните ученици и спортисти не добиваат стипендии…

Ова се приоритетите за граѓаните на Аеродром и парите на граѓаните треба да се инвестираат во капитални проекти коишто ќе бидат од корист за сите жители на општината.

Само криминалната власт има корист од намерата на ЕЛЕМ, наместо да гради и да вложува во енергетиката и домашно производство на струја, да фрла 15 милиони евра за рајска градина во Аеродром.

Барокот не ги решава проблемите на граѓаните.

Затоа денеска, на седницата на Советот СДСМ поднесе предлог милионите евра народни пари да бидат пренаменети за проекти приоритетни за граѓаните. За градинки, нови училишта, за иградба на културен дом.

ВМРО-ДПМНЕ уплашена од граѓаните нека не бега туку нека ја поддржи иницијативата за јавна расправа на која граѓните ќе се произнесат за што точно би сакале да се искористат овие средства.

Интересот на граѓаните мора да биде на прво место.

Скопје, 13.06.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести