fbpx

СДММ: Очајниот Никола нема да се спаси во 90-та минута!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Писмена реакција на СДММ на изјавата на Никола Груевски

 

Очаен е Никола Груевски. Воопшто не му е до фитнес зони и теретани.

Залудно Груевски овие денови глуми нормалност. Уште 10 пати нека се слика дека гледа фудбал со сопартијците во “опуштена атмосфера” – џабе му е!

Далеку е од опуштен кога е фатен со две раце во криминал, тој и неговите соработници.

Далеку е од опуштен кога знае дека ќе одговара за секое злодело!

Далеку е од опуштен Никола, кој секојдневно гледа како Македонија е на нозе и илјадници граѓани се борат за слобода.

На кои млади Груевски дава нови ветувања? На младите кои ги избрка од својата земја, по Германија и САД да работат за корка леб?

Дали Груевски мисли на младите на кои им сервира стрес и страв преку екстерното тестирање?

Веројатно Никола мисли и на младите кои секојдневно протестираат, кои кренаа глас против режимските политики и не се плашат од неговите етикети!

Токму тие млади ставаат крај на неговото лудило. Ниту една гатачка нема да му помогне.

Очајниот Груевски нема да се спаси во 90-та минута.

Во секое продолжение, секој ден Груевски капитулира. Одговороност ќе има.

Македонија му одбројува!

 

Последни вести