Соопштение за јавност
Попусто медиумските курири шират невистини со цел да ги покријат поразите на Никола Груевски и бегањето на ВМРО-ДПМНЕ од слободни, фер, демократски и регуларни избори.
Пропадна и една од последните надежи на Никола Груевски за апас, аблоцијата од Ѓорге Иванов целосно се поништи. Следува одговороност за криминалот.
Корупцијата и криминалот на власта, реалноста, 10 години се крие од граѓаните со помош на медиумскиот мрак.
Според официјалните документи од Централниот регистер, фирмата што се јавува како сопственик на Курир за период од 4 години остварила приходи во висина од над 1,7 милиони евра.
Токму затоа, медиумските курири вистински платеници коишто засилено шират невистини за да ја прикријат вистината, која е болна за оваа криминална власт.
Но, ништо нема да го спаси Никола Груевски од одговорност. Најмалку лагите и медиумските хајки што куририте ги водат против независната институција Специјално јавно обвинителство.
Едно е јасно, правда ќе има, секој што го прекршил законот ќе одговара.
Нема спас за Никола Груевски и неговото друштво.
Скопје, 13.06.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА