Филипче: Влатко Митовски докажа како се работи, на 19 октомври Гази Баба да избере промени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче: Влатко Митовски докажа како се работи, на 19 октомври Гази Баба да избере промени

„Гази Баба отсекогаш знаела да препознае вистински луѓе, вистински вредности и вистинска борба. И денес сум дојден тука да побарам поддршка за овие прекрасни луѓе со мене, нашите кандидати за советници и нашиот неуморен кандидат за градоначалник, Влатко Митовски“, истакна престедателот на СДСМ Венко Филипче од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Гази Баба.

Филипче порача дека на 19 октомври изборот во Гази Баба е лесен, бидејќи Влатко Митовски е човек кој докажал како се работи, кој докажал дека знае и умее.

„Влатко е човек кој веќе има докажано зошто треба да добие поддршка. Зад него има дела и има работа која говори за него. Затоа на 19 октомври, Гази Баба ќе избере човек кој докажал што значи грижа за општината, кој докажал дека работи за граѓаните и нивните потреби, кој докажал дека Гази Баба може да биде пристојно место за живеење“, истакна Филипче.

Во своето обраќање пред граѓаните во Гази Баба, Филипче нагласи дека Стефковски и ВМРО-ДПМНЕ ги препишуваат во новата програма истите проекти од стартот, бидејќи ништо немаат реализирано.

Детската градинка во Сингелиќ – само ветување. Гасификацијата и топлификацијата на општината – и од тоа нема ништо. Културните центри во Маџари, Колонија и Булачани постојат само на хартија. Сообраќајните клучки, катните гаражи, парковите, здравствените амбуланти, откупните центри, фекалната канализација со пречистителни станици – сите тие се само дел од долга листа на неисполнети проекти, истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче и повика граѓаните на 19 октомври во Гази Баба да изберат промени, да гласаат за бројот 5, за СДСМ и Коалицијата.