fbpx

Фатен во тесно Груевски препишува мерки од Програмата на СДСМ за пченицата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

10 години криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, ги остави земјоделците уценети во рацете на трговците. Земјоделците напразно молат државата да им помогне.

Но, ниту Никола Груевски, ниту министерот за земјоделство, Михаил Цветков, немаат слух за барањата на земјоделците.

Сега фатени во тесно, соочени со стравот дека ја немаат поддршката на земјоделците, ВМРО-ДПМНЕ и Груевски ги препишаа мерките за пченицата од Програмата на СДСМ.

СДСМ со месеци укажува и го повикува Цветков да ги примени тие мерки ама залудно. Приоритет за Груевски и Цветков беа злоупотребите на земјоделските ресурси и полнењето на џебовите на фамилијата на Никола Груевски.

Зошто досега не ги употребуваа?

Зошто не преземат мерки за заштита на откупната цена и за другите култури?

Само со мерките за пченицата не ги решаваат проблемите со вишокот на земјоделски производи.

Пласманот на земјоделски производи е најболниот проблем на земјоделците за којшто Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не покажаа никаков интерес да помогнат.

Затоа земјоделците се на нозе.

Криминалната банда на Никола Груевски ќе одговара за сите неправди и злосторства што им ги нанесе на граѓаните, на земјоделците.

СДСМ во својата програма, системски ги осмислени решенијата кои ќе стават крај на овие неправди кои со децении им се нанесуваат на земјоделците.

 

Скопје, 11.06.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести