Соопштение за јавност
Лагите и манипулациите на медиумските курири не можат да ги покријат поразите на Никола Груевски и бегањето на ВМРО-ДПМНЕ од слободни, фер, демократски и регуларни избори.
Корупцијата, криминалот, реалноста, 10 години се крие од граѓаните со помош на медиумскиот мрак.
Затоа 1,7 милиони евра, пари на граѓаните, завршиле во провладиниот мегафон за само четири години.
Ништо нема да го спаси Никола Груевски од одговорност. Најмалку лагите и медиумските хајки што куририте ги водат против независната институција Специјално јавно обвинителство.
Правдата и борбата против криминалот и корупцијата се уставни категории. Оттука, непречена работа на единствената независна институција во Република Македонија којашто вистински се бори против криминалот и корупцијата мора да биде обезбедена и загарнтирана.
Затоа, приоритет за Уставниот суд треба да биде потврда на уставноста на Законот за СЈО. Граѓаните мора да бидат сигурни дека законите важат за сите подеднакво.
Едно е јавно, правдата ќе се врати, секој што го прекршил законот ќе одговара.
Нема спас за Никола Груевски и неговото друштво.
Скопје, 10.06.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА