Филипче: Власта сака да поставува свои судии и обвинители, затоа ниту еден реформски закон не е поднесен

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче: Власта сака да поставува свои судии и обвинители, затоа ниту еден реформски закон не е поднесен

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање предупреди дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно го кочи реформскиот процес во судството, и тоа со јасна цел – политички да влијае врз поставувањето на судии и обвинители.

Како што кажа Филипче, наместо суштинска реформа на судството, граѓаните се сведоци на континуирани обиди за манипулации од страна на власта. Тој потсети дека реформите во правосудниот систем се јасно дефинирани во реформската агенда, подготвена од Владата на СДСМ, а потпишана од сегашната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во таа реформска агенда има 12 закони кои што се однесуваат на многу аспекти на судството. Тие закони, реформски закони, и значат суштинско зајакнување на нашиот правосуден систем. Во тие закони се наоѓа Закон за јавно обвинителство, Судски совет, за плати на судии, за движење на судски предмети и така натаму. И таа реформска агенда е поврзана со буџетот. Оваа година, до месец јуни, требаше да се донесат седум од тие закони, дополнително до крајот на 2025 година уште пет. До сега во Собранието на тие 12 закони не е поднесен ниту еден. Тоа не го прави оваа власт“, потенцира Филипче.

Тој ги отфрли обвинувањата што доаѓаат од власта како „спинови“ со цел да се одврати вниманието од вистинскиот проблем, избегнување на реформи во судството.

„Сите спинови, сите обвинувања за некаква блискост со судии итн се само изговор да не се направи вистинска реформа во судството. Ако не се направат тие реформи во судството, кои што како стратегија се донесени со Европската унија, тоа остава простор, а видовме дека ВМРО-ДПМНЕ тоа го практикува, да се интервенира во судството, да се поставуваат свои судии, свои обвинители“, предупреди Филипче.

Во одговорот Филипче потсети на конкретни примери на непотизам и партизација во правосудството од страна на власта.

„Видовме во изминатите години, се постави сопруга на еден градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, роднина на еден нивен коалициски партнер. Јасно е што треба да се направи за да се реформира судскиот систем“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.