fbpx

Со нарачани интервјуа Никола Тодоров не може да го оправда хаосот во здравството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со нарачани интервјуа Никола Тодоров не може да го оправда хаосот во здравството.

Поради тендер-криминалните политики на Никола Груевски и Никола Тодоров најслабата алка во општеството е здравството и срушениот здравствен систем во земјава.

Лицемерно и дрско, Тодоров не ја спомена инсулинска криза во Македонија поради којашто здравјето им е загрозено на над 39.500 граѓани.

Тодорв молчи и за најновата давачка во здравството, која ќе ги чини граѓаните дополнителни 250 денари за нова електронска здравствена картичка.

Тодоров не го спомена ниту ветениот нов Клинички центар во Скопје, најавен пред повеќе од 2 години, кој никогаш не се реализираше.

Не поминуваат лагите на Никола Тодоров. Граѓаните знаат дека Никола Тодоров и Никола Груевски се најголемите штетници на здравствениот систем во Македонија.

Несовесно и крајно безобразно е токму Тодоров да зборува за било каква реформа во здравството.

Црната статистика за смртност на новороденчиња во Македонија покажува дека во земјава умираат повеќе од 14 бебиња на илјада новородени. Три пати повеќе новороденчиња умираат во Македонија од просекот на земјите од Балканот и ЕУ.

Оваа негативна тенденција продолжува и во почетокот на оваа година. Во првите три месеци од годинава починале дури 61 новороденче.

Најпомпезно најавуваната „реформа“, така наречениот „мој термин“ не само што не функционира и постојано откажува, туку им создаде дополнителни проблеми и на пациентите и на лекарите.

Граѓаните не добиваат квалитетни здравствени услуги, лекарите немаат основни услови за работа, умираат родилки и бебиња, медицинскиот персонал е под постојани притисоци и закани.

Нема пари за основни потреби во здравството. Пациентите сами си набавуваат лекови, медицинска опрема и помагала.

Клиничките болници и Здравствените домови се во огромни, милионски долгови коишто секојдневно се зголемуваат.

Лекарите заминуваат од Македонија и тоа по 200 лекари годишно.

Тоа е сликата за болното здравство во Македонија поради Никола и Никола.

Ниедно интервју на Тодоров не може да го смени фактот за катастрофалните последици на погрешните политики во здравството поради кои, за жал, имаше многу жртви.

Затоа одговорост ќе има. Никола Груевски и Никола Тодоров ќе сносат одговорност и ќе ја платат цената пред граѓаните за сите жртви на нивните криминални политики.

Скопје, 11.06.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести