Соопштение за јавност
Колку и да шират невистини, медиумските курири не можат да ги покријат поразите на Никола Груевски и бегањето на ВМРО-ДПМНЕ од слободни, фер, демократски и регуларни избори.
Пропадна и една од последните надежи на Никола Груевски, аболицијата од Ѓорге Иванов. Следува одговороност за криминалот.
Корупцијата и криминалот на власта, реалноста, 10 години се крие од граѓаните со помош на медиумскиот мрак.
Според официјалните документи од Централниот регистер, фирмата што се јавува како сопственик на Курир за период од 4 години остварила приходи во висина од над 1,7 милиони евра.
Токму затоа, медиумските курири вистински платеници коишто засилено шират невистини за да ја прикријат вистината, која е болна за оваа криминална власт.
Но, ништо нема да го спаси Никола Груевски од одговорност. Најмалку лагите и медиумските хајки што куририте ги водат против независната институција Специјално јавно обвинителство.
Правдата и борбата против криминалот и корупцијата се уставни категории. Оттука, непречена работа на единствената независна институција во Република Македонија којашто вистински се бори против криминалот и корупцијата мора да биде обезбедена и загарнтирана.
Едно е јасно, правда ќе има, секој што го прекршил законот ќе одговара.
Нема спас за Никола Груевски и неговото друштво.
Скопје, 11.06.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА