Соопштение за јавност
Државниот завод за статистика сервисира бројки по нарачка на Груевски и Ставрески. Но Статистика ни со нарачките на кумовите не може да ги сокрие нивните катастрофални економски промашувања.
Прво, нереалнен е растот на БДП од 2 процента со којшто излезе ДЗС и номиналниот раст од 8.7 отсто, бидејки тие се невозможни во услови кога во земјава има дефлација. Тоа значи дека Статистика лаже.
Второ, оваа надградена и проширена прогноза на ДЗС за раст на БДП-то од едвај 2 процента открива дека и Ставрески и Груевски лажат кога најавуваат двојно повисок економски раст.
Со дискутабилниот економски раст од 2 процента што го соопшти Статистика, дискутабилни се и прогнозите на Ставрески за двојно поголем раст до крајот на годината.
Во услови на незначителен економски раст паѓаат во вода и бројките на ДЗС за наводно намалување на невработеноста.
“Славните економисти“ Ставрески и Груевски кои предизвикаа над 500.000 граѓани да живеат на границата на сиромаштија, а избркаа 626.312 илјади во Македонија ништо веќе не ги спасува, на ни Државниот завод за статистика.
Потребен е раст, не од 2-та процента на ДЗС, не од 4-те проценти на Ставрески и Груевски, туку раст на БДП-то од над 6 проценти за граѓаните да почувствуваат промени во нивните семејни буџети.
Тоа ќе го овозможи новата одговорна Влада што ќе ја предводи СДСМ.
Врвот на криминално-корупциската власт на Груевски, наместо да нарачува прогнози, нека се подготви да им врати се што им одзеде на граѓаните.
Скопје, 10.06.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА