fbpx

Заканите на УЈП се последниот обид на Груевски насилно да приграби пари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

УЈП има право присилно да си ги наплаќа милионските долговите што ги има од Македонски Шуми, МТВ, Македонија пат, но не повеќе и од граѓаните.

Заканите упатени кон граѓаните се последниот крик на контролираните институции коишто треба да ги исполнат последните желби на Никола Груевски за да приграби повеќе пари.

Меѓу граѓаните на коишто УЈП се закани дека насилно ќе наплаќа радиодифузна такса се и невработени лица и приматели на социјална помош.

УЈП го толерира режимскиот јавен сервис МТВ којшто трупа милионски долгови за неплатени даноци, а ги тормози граѓаните за неплатена радиодифузна такса, којашто тие очигледно не сакаат и не можат да ја плаќаат.

Граѓаните знаат дека со заминувањето на криминалната власт под контрола на Никола Груевски ќе си замине и обврската што ја имаат за плаќање на радиодифузна такса.

По демократските промени нема да се наплаќа радиодифузна такса во моментот кога СДСМ, на чело со Зоран Заев, ќе ја предводи новата одговорна и чесна Влада!

Скопје, 10.06.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести