Соопштение за јавност
На денешната седница, Централниот одбор на СДСМ акламативно ги поздрави успешните политики на претседателот Зоран Заев и раководството на партијата.
Централниот одбор го поздрави фактот што двата клучни предуслови коишто ги постави СДСМ се исполнети: се спречи одржување на криминални избори на 5-ти јуни и аболицијата целосно се поништи.
Ова ќе беше невозможно без огромната упорност, храброст и решителност на илјадници граѓани коишто мирно и достоинствено протестираа на улиците ширум Македонија, за враќање на правдата, слободата и демократијата.
Централниот одбор на СДСМ го овласти Претседателот и раководството на партијата да го продолжи процесот за излез од политичката криза преку обезбедување и осигурување на владеењето на правото, законите да важат подеднакво за сите, како и исполнување на условите за одржување на регуларни, фер, демократски и кредибилни избори.