fbpx

Зборот е збор, уште една победа на демократска Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани граѓани,

Демократска Македонија предводена од Зоран Заев денеска извојува уште една победа за враќање на правдата во нашата земја, уште една нова капитулација на Никола Груевски.

Под притисок на сите слободоумни граѓани коишто се на нозе, за враќање на слободата, демократијата и правдата, лицето Ѓорге Иванов целосно ги поништи сите срамни, незаконски и неуставни одлуки за аболиции.

Со тоа се потврди дека се што кажавме е точно.

Одлуката за аболиција Иванов ја донесе по нарачка на Никола Груевски, во обид да ја спаси криминалната власт од одговорност.

Но, заедно со граѓаните не дозволивме тоа да се случи. Не може да има селективна правда, законите мора да важат за сите.

Зборот е збор.

Рековме, срамните, неуставни аболоции мора целосно да се поништат. Тоа се случи.

Рековме, има Уставен и законски основ за свикување на Парламентот. И тоа се случи.

Рековме дека нема да има криминални избори на 5-ти јуни. И тоа се докажа.

Ако досега на некого не му беше јасно од денеска ќе им стане јасно на сите:

Правдата ќе се врати, законите ќе важат за сите подеднакаво. Секој што го прекршил законот ќе одговара!

Нема спас ниту за Никола Груевски ниту за неговото друштво.

Зборот е збор.

Скопје, 06.06.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести