Не можам, а да не го спомнам расипничкото однесување на директорот на МРТ. Не знам дали е вратен од Милано, пред 10тина дена замина. Тука ќе го споменам Светското прсвенство на ракомет во Катар, отворањето на Канскиот филмски фестивал, картите во партер за новогодишниот Виенски концерт, сите овие случувања со неговата сопруга. И ова сакате да ми кажете дека не е платено со парите на граѓаните? Нема бесплатен ручек. Којзнае какви се не концесии има дадено директорот во име на куќата за да може да ги добие овие привилегии, рече пратеникот Хари Локвенец во однос на 103-тата седница на Собранието на Република Македонија