Соопштение за јавност
На денот кога се потврдија сите порази и капитулации на Никола Груевски, денот на распуканите бетони, медиумските курири се принудени засилено да шират невистини за да ја прикријат вистината.
Вистината е болна за криминалната власт.
Не само што ја очекува соочување со одговорноста за криминалот за сите изминати години, туку една по една мора да ги признаваат капитулациите на Никола Груевски.
Нема избори на 5-ти јуни, затоа што не се исполнети условите за слободни, фер и кредибилни избори од коишто Никола Груевски толку многу се плаши.
Нема да има уште едни криминални избори во Македонија.
Како што вети Зоран Заев, лидерот на демократска Македонија, во земјава ќе има само слободни, фер, демократски и кредибилни избори, со исполнување на сите услови.
Нема да има спас за криминалната власт на чело со Никола Груевски. Аболицијата во целост ќе се повлече, секој што го прекршил законот ќе одговара.
Зборот е збор.
А за лагите пласирани од „Инфомакс“ и останатите медиумски курири во коишто никој не верува, ќе следат соодветни тужби согласно законите.
Скопје, 05.06.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА