fbpx

Реформи со Никола Груевски не може да има

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Реформи со Никола Груевски, креаторот на целата државна, економска и политичка криза не се можни.

Државните институции повеќе не се функционални. Македонија нема претседател, нема вистински демократски Парламент, нема Уставен суд…. се е само партија и се е во функција на заштита на криминалите на Никола Груевски.

Затоа независните институции коишто вистински се борат против криминалот и корупцијата, како Специјалното јавно обвинителство, се под постојан притисок и опструкции од страна на криминалната власт.

Eдинствено излезно решение од политичката криза е можно со поништување на сите аболициии и спроведување на брзи, регуларни, фер, демократскии кредибилни избори.

Врз база на принципите од Пржино потребно е формирање Влада којашто ќе создаде услови и ќе спроведе слободни, фер и регуларни избори, што поскоро.

Но, Никола Груевски бега бега од слободни, фер и деморатски избори затоа што се надева дека на тој начин ќе избега од правдата, ќе ја спаси сопствената кожа.

Никола Груевски кукавички се бори само за аболицијата и за одложување на слободните избори што подоцна.

Напразно се надева Груевски дека ќе се спаси од одговорноста, ќе се спаси од затворот.

Правда ќе има, одговорност ќе има. Аболициите целосно ќе се поништат. Оние што им е местото во затвор, таму и ќе завршат.

Во Македонија нема да има уште едни криминални избори. Сите услови мора да се исполнат: прочистен избирачки список, реформи во медиумите, заканите кон гласачите мора да престанат.

Зборот е збор. Во Македонија ќе има само слободни, фер, регуларни и демократски избори.

 

Скопје, 01.06.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести