fbpx

Заев: На Македонија и се неопходни демократски промени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес ги посети и разговараше со производителите на земјоделските производи, трговците и купувачите на Кванташкиот пазар во Скопје.

Земјоделците и трговците ја споделија својата мака со претседателот Заев. Тие се пожалија на лошата состојба, слабиот откуп на земјоделските производи и многу ниските цени. Според нив, токму лошите услови се и причина нивните деца да се иселуваат од државата. Криминалните политики удрија врз грбот на сите граѓани.

„Јас многу добро ги знам и ги разбирам вашите маки. Институциите се нефункционални, наместо интересот на граѓаните, на земјоделците го штитат интересот на криминалната власт. На Македонија и се потребни промени, особено во земјоделието.“ рече претседателот Заев.

Во разговорот со земјоделците претседателот додаде дека длабоката криза во којашто Никола Груевски ја втурна земјава мора што поскоро да заврши на слободни, фер и регуларни избори.

„Гледаме дека Груевски бега од слободни избори, се плаши, се надева дека ќе ја спаси сопствената кожа. Но, нема да има спас за криминалците. Аболицијата целосно ќе мора да се повлече, законите да важат за сите подеднакво. Државата мора да се насочи кон решавање на проблемите на граѓаните“ рече претседателот Заев.

Заев порача дека демократските промени во Македонија ќе се случат на регулрани избори а по промените доаѓа подобра и сигурна иднина за сите граѓани.

„По демократските промени, криминалците ќе бидат на соодветно место за нив. Новата демократска Влада предводена од СДСМ ќе обезбеди сигурен откуп на производите, ќе ги заштити земјоделците и ќе ги зголеми субвенциите, кои ќе бидат стимулативни. Државата ќе обезбеди достоинствен живот и обезбеден пласман, онаков како што заслужува секој земјоделец-граѓанин на РМ. Новата влада предводена од СДСМ ќе ја стимулира и продуктивноста кај земјоделците со низа на мерки. Не смее никој да си игра со трудот на земјоделците“, рече Заев пред присутните.

 

 

 

Последни вести