fbpx

Груевски ја направи Македонија прва во Европа по модерно ропство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Груевски ја направи Македонија прва во Европа по модерно ропство.

Потврда за ова стигна од австралиската ,,Walk free foundation “ којашто ја рангира Македонија на првото место во Европа по т.н модерно ропство.

Повеќе од 13.000 граѓани, под репресија на режимот на Груевски, станаа модерни робови во сопствената држава со загрозени човекови права и слободи.

Поранешниот премиер изминативе десет години свесно создаваше нова категорија на граѓани, модерни робови, заплашувани луѓе кои се под постојан притисок и закани од власта дека ќе го изгубат работното место, социјалната помош, субвенциите, пензиите..

Вистината за Македонија покажа дека целта на таквите закани и притисоци била по секоја цена да се добијат гласови за Груевски од заплашуваните граѓани на криминални избори. Затоа тој бега од регуларни, фер и демократски избори.

Никола Груевски мора да понесе и правна и морална одговорност за неговите погубни политики коишто ја втурнаа Македонија во модерно робовладетелско општество.

Срамниот чин на аболиција којшто покорниот Иванов го направи по нарачка на Груевски само ја потврдува оваа срамна поделба на граѓаните, во којашто криминалната власт е над Уставот, законите и правната држава, ослободена од секаква одговорност.

Затоа целосно повлекување на аболицијата мора да има и функционерите од власта да бидат еднакви со граѓаните пред законот. Тие што сториле злодела ќе одговараат.

Граѓаните се на нозе низ цела Македонија за да си ги вратат слободата, правдата и демократијата што им ги одзеде Груевски!

Македонија повторно ќе биде општество на слободни и еднакви граѓани.

 

Скопје, 01.06.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести