Соопштение за јавност
Според последните објавени податоци, во првите три месеци од оваа 2016 година, смртноста на новороденчињата во Македонија е во пораст.
Во првите три месеци од годинава во земјава починало 61 новороденче, што е запрепастувачки податок за Македонија.
За жал продолжува црната статистика. Според последните студии смртноста на новороденчиња во Република Македонија покажува дека во Македонија умираат три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ! Во Македонија умираат повеќе од 14 бебиња на 1.000 новородени.
Во општините во Македонија каде што недостигаат гинеколози, умираат над 30 бебиња на 1.000 живородени, што е катастрофа.
Криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ доведоа до тоа во 21 век во Македонија да умираат бебиња.
Криминалните политики на Никола Груевски и Никола Тодоров се штетни по здравјето на граѓаните на Р. Македонија и затоа ќе одговараат за секоја жртва на системот во здравството.
Скопје, 01.06.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА