Шукова: Капиталните проекти во Скопје стојат нереализирани поради застој и несоработка на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Шукова: Капиталните проекти во Скопје стојат нереализирани поради застој и несоработка на ВМРО-ДПМНЕ

Во контекст на денешното телевизиско соочување на Канал 5, кандидатката за Градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, истакна дека проектите за мостови, инфраструктура и други капитални инвестиции се започнати во времето на Петре Шилегов, а во изминативе четири години не е направен никаков напредок.

„Сите капитални проекти што ги спомнува господинот Ѓорѓиевски од мостови до инфраструктура стојат на истата точка како во 2021 година. Изминативе четири години не видовме ниту обид тие процеси да се продолжат и реализираат“, изјави Шукова.

Таа додаде дека проблемот е резултат на несоработка помеѓу градоначалникот на Град Скопје и градоначалниците на општините, без разлика на нивната политичка припадност. „Ова јасно покажува дека кога кандидат кој е поддржан, но не соработува со општините како што тоа го направи ВМРО-ДПМНЕ во изминативе четири години резултатот е застој и нефункционалност“, подвлече Шукова.

Таа заклучи дека Скопје има потреба од континуитет во капиталните проекти, ефикасна соработка и системски пристап, за граѓаните да добијат резултати кои заслужуваат.