Соопштение за јавност
Филипче од Битола: Економијата е заглавена, инфлацијата галопира – Мицкоски ја влече државата назад
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната граѓанска трибина во Битола, посочи дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ, за година и пол ја заглави економијата и го уназади напредокот на државата.
„Економијата е заглавена, инфлацијата галопира, а платите се замрзнати. Оваа власт не ги решава проблемите на луѓето туку ги игнорира.Оваа власт гази по солидарноста, човечноста, демократијата, напредокот и правичноста“, рече Филипче.
Но, не само во економскиот дел, со ВМРО-ДПМНЕ, како што рече Филипче, државата назадува и политички.
„Мицкоски не ја носи државата напред туку ја влече назад. Во конфликти, во реваншизам, во поделби. И секогаш кога е соочен со критика заради својата неспособност вината е кај некој друг. Ова е политички кукавичлук“, рече Филипче.
Во обраќањето пред граѓаните, Филипче порача дека 19 октомври е повик за враќање на нормалноста.
„На 19 октовмри одговорот е кај народот. Одговорот сте вие. Одговорот ќе дојде од секоја врата, од секое маало, од секое семејство кое веќе знае: доста беше. Време е за враќање на нормалноста. Време е за политика што носи резултати, не изговори. Време е за луѓе што се борат за другите, не за себе“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.