Филипче од Битола: Нашиот најсилен адут на овие избори се чесните луѓе

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче од Битола: Нашиот најсилен адут на овие избори се чесните луѓе

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче од Битола на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ порача дека нашиот најсилен адут на изборите се луѓето, а тимот на СДСМ е тим кој слуша и се бори за секој еден граѓанин.

„Во Битола, Методија Куновски и советничката листа на СДСМ и коалицијата е тимот што ќе работи со вас и за вас. Ќе слуша, ќе решава, ќе биде присутен. Не само во кампањата, туку секој ден. Тоа е изборот што го заслужувате. Ова се чесни луѓе, луѓе со интегритет, луѓе професионалци кои тоа што ќе го ветат ќе го исполнат. Луѓе на кои може да се потпрете и во добро и во лошо и никогаш нема да ве изневерат“, рече Филипче за кандидатот за градоначалник и советничката листа.

Тој за работењето на актуелната локална власт рече дека е власт која институциите ги гледа како плен. Нивната неефикасност и немањето резултати во работењето, ги крие со закани и поделби.

„Од другата страна имаме власт што гледа на институциите како на плен. Власт што владее преку страв и поделби. Власт што и по година и пол централна власта и по четири години локална власт нема визија, нема реформа, нема одговор на ниту еден клучен проблем. Економијата е заглавена, инфлацијата галопира, а платите се замрзнати. Веќе утре ќе ги презентирам најновите економски податоци, тие се катастрофални. Мицкоски не ја води државата напред, туку ја влече назад. Во конфликти, во реваншизам, во поделби. И секогаш кога е соочен со критика заради својата неспособност вината ја лоцира кај некој друг. Ова е политички кукавичлук“, потенцираше Филипче во Битола.

Филипче пред битолчани рече дека на 19 октомври, одговорот за иднината на државата е кај народот и дека тој ќе одлучи за враќање на нормалноста и политика која носи резултати, а не изговори.

„Време е за луѓе што се борат за другите, не за себе“, потецираше Филипче.