Филипче: Битола четири години е запустена, време е за промена со Куновски и тимот на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче: Битола четири години е запустена, време е за промена со Куновски и тимот на СДСМ

„Четири години, Битола е оставена на маргините. Четири години, градот што некогаш беше препознатлив по култура, по историјата, по урбаниот дух сега се гуши во застој, смет и запустеност. Проектите стојат, улиците пропаѓаат, а младите си заминуваат. Нема визија, нема стратегија, нема ниту основна одговорност“, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче од граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом“ во Битола.

Филипче пред многубројните граѓани во Битола, нагласи дека е време за промена, а таа промена доаѓа со кандидатот за градоначалник Методија Куновски и тимот на СДСМ и Коалицијата од советничката листа.

„Тоа е тимот што ќе работи со вас и за вас. Ќе слуша, ќе решава, ќе биде присутен. Не само во кампања, туку секој ден. Тоа е изборот што го заслужувате. Ова се чесни луѓе, луѓе со интегритет, луѓе професионалци, кои она што ќе го ветат ќе го исполнат“, истакна Филипче.

Тој порача дека Битолчани никогаш не стоеле настрана кога требало да се покаже став, Битола никогаш не била нем набљудувач туку секогаш била двигател на промена и ги повика граѓаните на 19 октормври да гласаат за бројот 5 за СДСМ и Коалицијата, за политика што носи резултати, а не изговори, за луѓе што се борат за другите, не за себе.