Филипче: Странските инвестиции паднаа од 1 милијарда евра на само 75 милиони во вториот квартал

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче: Странските инвестиции паднаа од 1 милијарда евра на само 75 милиони во вториот квартал

На денешната прес конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче рече дека државата е во сериозна економска криза поради погрешните политики на власта. Тој зборувајќи за долговите рече дека странските инвестиции исчезнуваат.

„И додека долговите се трупаат, странските инвестиции моторот на секоја здрава економија исчезнуваат. Во 2024 година, Владата што ја предводеше СДСМ остави повеќе од една милијарда евра странски директни инвестиции. А што имаме во 2025? Во првиот квартал 135,8 милиони евра. Во вториот само 75,9 милиони евра. Премиерот, кој неодамна влезе во еуфорија со најави за милијарди, сега молчи. А токму тоа молчење е најгласниот доказ за економскиот пад“ рече Филипче.

На прес конференцијата претседателот на СДСМ Филипче зборуваше и за јавниот долг кој според проекциите на Светка банка ќе достигне 62,9%, како и за најниската реализација на капиталните инвестиции кои треба да бидат моторот за раст на економската слика во државата.